January 23, 2021 18:16
Македонија

Граѓаните молат за болнички кревет, здравството е во тотален колапс, Филипче време е за одговорност!

Интегрален текст од прес конференција наМарија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче и по девет месеци од корона епидемијата покажа дека не е способен да направи ништо. Неговата неспособност резултира со десетици семејства дневно кои се во жалост, вкупната бројка на починати надмина 1500. Што направи Венко Филипче? Го стави на колена здравствениот систем. Нема болнички кревети и покрај тоа што Венко Филипче вчера изјавува дека има доволно болнички кревети и дека луѓето само малку време чекаат пред да бидат примени во болниците, од друга страна имаме десетици и десетици сведоштва од граѓани кои што ни се јавуваат и кои што пишуваат по социјалните мрежи дека тие лично, или нивните членови на семејството се вратени од болниците, за нив нема место. Што мисли Венко Филипче кога вели дека има места во болниците?

Што тој направи во овие месеци? Да можеше да има место во болниците, но овие 9 месеци Венко требаше да работи, а не кога ќе се види со неговиот ментор Заев наместо да зборуваат со здравството и да го реорганизираат тие зборуваат за своите лични бизниси, за тендерите кои што ги водат. Да можеше да има ако Венко и Заев работеа. Болниците се преполни. Се моли на секоја врата за болнички кревет, се моли кај роднини, пријатели, комшии…

И не само тоа. Филипче ги остави граѓаните да чекаат и да смрзнуваат во лоша здравствена состојба по ходиниците, ги остави да молат за кислород за болниот, и  не само што молат, туку и ако се најде кислород за истиот се чека и по неколку часа. Соодветна терапија за сите е мисловна именка. Тотален колапс!

Филипче никако да даде одговор зошто не го подготви здравениот систем за есенскиот бран кој што самиот тој го најавуваше? Имаше 9 месеци, да обезбеди доволно тестови, да подготви капацитети за сместување, да ангажира и обучи здравствен кадар и да обезбеди протоколи како и соодветна терапија за лекување. Но ништо од тоа! Филипче наместо да го подготвува системот се фрли на тендери, грижа за своите интереси и интересите на Заев и неговите блиски. Едноставно е, Филипче треба да го замени микрофонот со стетоскоп. Само тоа треба да го направи да облече бел мантил и да земе стетоскоп. Треба работа, а не само ПР! Поради сите задоцнети и несоодветни мерки, поради сите семејства кои што се  завиени во црно, одговорност мора да има!

Attack on Titan Episode 25 at Crunchyroll crunchyroll premium

KonoSuba: God's Blessing on This Wonderful World! (https://kissanimeonline.com/m/l9d) Episode 10 at KissAnime haikyuu kissanime