Скопје

Граѓаните во Скопје пијат добра вода

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 22.02.2021 до 26.02.2021 зема 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во град Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РСМ, бр.183/18).

 

 

WCOStream watch anime free: Watch Dr. Stone: Stone Wars Episode 7 (https://wcostream.cc/m/GaVd/ep-7)

4Anime gleipnir 4anime: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 9