April 8, 2020 14:40
Балкан Магазин

Графити инспирирани од коронавирусот на тераса во Атина

– Секојдневието во период на епидемијата на коронавирусот беше инспирација за 16-годишен ученик, на терасата на кровот од зградата во која што живее во Атина, да создаде два графити, едниот жена со медицинска маска, а вториот, со пораката сите да останат дома, јави дописничката на МИА од Атина.

За грчката новинска агенција АНА-МПА, 16-годишниот S.F., како што му е уметничкото име, вели дека сакал да го отслика она што го гледа секој ден, односно дека веќе сите се движат со медицински маски.

-Одбрав да илустрирам еден поглед во кој гледачот може да ја сфати тагата, но и очајот од драматичниот развој на настаните со ширењето на коронавирусот, вели ученикот.

Вториот графит на истата тераса е со пораката „Остани дома” на грчки и англиски јазик, заедно со знамињата на Грција, Италија, Кина и Франција.

Фотографиите од терасата ги објави грчката фото агенција „Еврокиниси”.