Скопје

Град Скопје ќе ја реконструира улицата Лука Геров во Ѓорче Петров

Градот Скопје ќе ја реконструира улицата Лука Геров во општината Ѓорче Петров. На оваа значајна сообраќајница целосно ќе се обноват постојниот коловоз и тротоарите, на должина од околу 1.300 метри, на потегот од железничкиот надвозник во близина на кружниот тек до црквата „Свети Петар и Павле“, до крајот на улицата каде што таа се вклучува во улицата Волковска.

Ваква одлука донесе Советот на Град Скопје на последната седница, според која Градот целосно ќе ги финансира градежните активности за реконструкција на оваа сообраќајница и ќе издвои 28.350.164 денари од својот буџет. Реконструкцијата на улицата Лука Геров ќе се реализира како меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје  и Општина Ѓорче Петров.

Улицата Лука Геров е собирна улица согласно со ГУП на Град Скопје 2012-2022 година и е од исклучителна важност бидејќи е централна улица која поминува низ населбата Даме Груев и поврзува голем број населени места (Ново Село, Орман, Волково…) со преостанатиот дел од градот.

WCOStream we bare bears wcostream: The Rising of the Shield Hero Season 2 Episode 1-Preview

ANIMEFLIX animeflix sword art online: Fairy Tail (Dub) (https://animeflix.nl/m/bg9m) Episode 175