Скопје

Град Скопје ќе го гони непознатиот дрво-сечач пред „Мавровка“

Пред кафетерија која се наоѓа во трговскиот центар „Мавровска“ викендов целосно било искастрено од непознат дрво-сечач здраво дрво без одобрение од градските власти.

-Изминатиот викенд пред деловниот објект во „Мавровка“ од непознат сторител е исечено едно здраво дрво. Крстосницата кај Судска палата е една од најзагадените точки во градот, а дрвото е исечено без одобрение од надлежните градски служби. Градските инспектори за животна средина го истражуваат случајот и сторителот ќе биде казнет, соопшти Град Скопје.

Од Градот апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини.