November 16, 2019 01:10
Скопје

Град Скопје уреди нови зелени површини на повеќе локации

Екипите на Град Скопје изминатиов период хортикултурно уредија и реконструираа повеќе јавни зелени површини во различни делови од градот. На зелените плоштади и коридори е поставена мрежа за наводнување, уредени се нови тревници и цветни форми и се засадени садници.

Така, на булeварот Србија наспроти Џевахир Скај Сити на површина од 4.781 квадратен метар е уреден зелен плоштад со хидрантска мрежа и 50 прскалки. Со зеленило е уреден и просторот во Ново Лисиче меѓу булеварот Февруарски поход и улицата Тодор Чангов, на површина од 3.635 квадратни метри. Зазелени и просторот меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула во Чаир на површина од 3.590 квадрати, а уреден е и зелен коридор на булеварот 8.Септември во Карпош – на потегот меѓу булеварите Партизански одреди и Митрополит Теодосиј Гологанов, на површина од 3.479 квадратни метри. Во текот на изминатите месеци со зеленило беа збогатени јавни површини и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, кај „Реплек“; на булеварот Партизански одреди, кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ и во близина на Универзалната сала, како и на просторот зад „Дрводекор“ и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.

Подигањето и уредувањето нови зелени површини е меѓу приоритетите на Град Скопје. Активностите за уредување на нови зелени плоштади и зелени коридори ќе продолжат и во текот на летово.

 

Нови вести

Град Скопје: Подготвени сме за зимското одржување на улиците, обезбедени се 6.000 тони сол

Filip

Општина Карпош ќе финансира во поздрава животна средина

Filip

Богдановиќ: Претходно граѓаните реагираа зошто не ги менуваме црешите, сега се бунат зошто го правиме тоа

Igor