April 19, 2019 16:54
Скопје

Град Скопје се вклучи во чистењето на дворот на студенскиот дом „Пелагонија“

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ денеска и утре ќе го чистат дворот на Студентскиот дом „Пелагонија“. На акцијата за чистење присуствуваа и градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и директорот на ЈП „Комунална хигена“, Абдусамед Шабани.

– Ако сакаме чист и уреден град, сите треба да внимаваме каде го фрламе своето ѓубре. Овој пат, грдата слика за Скопје е оваа дива депонија создадена во дворот на студентскиот дом „Пелагонија“. Иако за чистење на овој двор не се надлежни ниту Градот Скопје, ниту ЈП „Комунална хигиена“, денеска покажуваме добра волја и спроведуваме акција за расчистување на оваа дива депонија. Нашата цел е да испратиме силна порака до граѓаните, до куќните совети, до институциите и до фирмите да си го исчистат ѓубрето. Сите заедно да покажеме одговорност кон средината во која живееме, за да си обезбедиме поздрав и поквалитетен живот. Сите заедно да застанеме на патот на создавањето диви депонии. На тој начин стоиме на патот на загадувањето на воздухот, на почвата и на водите. На тој начин си ја гарантираме иднината – рече денеска Шилегов.

Тој додаде дека ѓубрето не познава административни граници и дека сите се одговорни за создавањето отпад.

– Упатувам апел и до општините, да ја одржуваат хигиената на јавните површини за кои се надлежни, но и до моите сограѓани, отпадоците да ги одлагаат исклучиво во кантите и во контејнерите за таа намена, за конечно да исчезне оваа грда слика на градот – нагласи градоначалникот Шилегов.

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и во наредните денови ќе спроведува активности за расчистување на јавните површини во градот – локации на кои редовно се создаваат диви депонии и недозволено се фрла ѓубре.

Нови вести

На Денот на планетата Земја во скопската зоолошка час за значењето на дивиот свет

Igor

Исчистете го оџакот на својот дом, искористете ги субвенциите од Град Скопје

Igor

Евроамбасадорот Жбогар во посета на Општина Аеродром

Valentina