October 23, 2021 00:26
Скопје

Град Скопје: „Зелен хуман град“ манипулира со граѓаните во однос на зеленилото на улица Васко Карангелески

Град Скопје ги демантира наводите на „Зелен хуман град“ со кои свесно се манипулира јавноста дека со пробивањето на ул. Васко Карангелески ќе биде изгубено зеленило.

Спротивно на тоа по завршувањето на изградбата и пробивањето на улицата и нејзиното поврзување со бул. Трета македонска бригада ќе биде засаден дрворед од повеќегодишни високостеблести садници по должината на целата улица, со што речиси тројно ќе се зголеми зеленилото по должината на улицата.

Дополнително покрај тројното зголемување на дрворедот улицата во делот од крстосницата со ул. Владимир Комаров до крстосницата со бул. Трета македонска бригада ќе добие нови тротоари, велосипедски патеки, нова атмосферска канализација и ново ЛЕД осветлување.

Со тоа се зголемува нивото на безбедноста и на велосипедистите и на пешаците кои се движат на овој потег, особено имајќи  предвид дека во непосредна близина се наоѓаат основното училиште „Љубен Лапе“, еден пензионерски дом и Поликлиниката „Јане Сандански“.

Дополнително проектот за изведба на оваа сообраќајница беше претставен пред иницијативата #НаTочак на состанок одржан на 23.06. каде што се покажани решенијата за велосипедските патеки, тротоарите, новото осветлување и зазеленување на тротоарите. Ова е од особена важност за учениците од блиското основно училиште кои во моментот немаат тротоар од својата страна на улицата.

Од претставникот на иницијативата е искажано разбирање за нужното проширување, а 4 дена подоцна на истата локација Град Скопје со поддршка на иницијативата #НаТочак го реализираше настанот „Улици за Луѓе“ кога улицата беше цел ден затворена за автомобили.

Потегот од улицата кој поминува покрај основното училиште во моментов нема ниту пешачка, ниту велосипедска патека од страната на училиштето, а тротоар има само од страната на пензионерскиот дом, што и денес го прави движењето на пешаците и на велосипедистите на овој потег недоволно безбедно.

 

Оваа сообраќајница е од исклучително големо значење за новите населби кои се изградија на местото на некогашните воени бараки и некогашната касарна Гоце Делчев, каде што популацијата е повеќекратно зголемена.

 

Website https://animepahe.cc: Watch My Little Pony: Friendship Is Magic Season 3 (Dub) animepahe Episode 13 watch anime dub

Website https://kissanime.mx: Watch Disgaea (Dub) kissanime Episode 12 kissanime black clover

Watch anime online for free at AnimeKisa free anime

Miss Kobayashi's Dragon Maid (Dub) Episode 13

Provenexpert: https://www.provenexpert.com/kissanimemx/

Tldrlegal: https://tldrlegal.com/users/gogoanimebe