June 25, 2022 10:27
Свет

Градските власти во Шангај презентираа распоред на активности за постепено враќање на животот во нормала

Локалните власти во Шангај работат на повторно отворање и овозможување обновување на нормалниот живот од 1 јуни, откако во 15 од 16-те градски области се сузбиени случаите на инфекција со коронавирусот надвор од карантински услови.

Заменик-градоначалникот Зонг Минг пред медиумите го претстави распоредот на активностите за враќање кон нормала, после шестнеделно затворање.

Властите во Шангај соопштија дека епидемијата во градот е под контрола, но исто така нагласија дека цел е спречување на повторни бранови на инфекцијата така што до 21 овој месец многу од органичувањата остануваат на сила.

Според кинеската политика „нулта толеранција за Ковид-19″ неопходен предуслов за враќање на животот во нормала е целосна елиминација на случаи надвор од областите што се под карантин.

Во градот се планира постепено зголемување на домашните летови и на железничките услуги, а од денеска повторно се отвараат супермаркетите, продавниците и аптеките.

Забраната за движење во Шангај заедно со останатите мерки за справување со Ковид-19 во голем број други градови веќе почна да претставува закана по кинеското стопанство и ги наруши глобачните синџири за снабдувдување.

GO88 - Thiên đường Game Bài Hoàng Gia lớn nhất Việt Nam bắt cầu xóc đĩa go88 go88 không rút được tiền

https://sunwin.fan/