June 17, 2019 05:57
Скопје

Градот Скопје ќе наградува компании, домаќинства и институции за придонес во животната средина

Градот Скопје го распиша јавниот конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на животната средина, најубаво уреден двор на куќа, зграда или институција, најубав состав на тема екологија и најубав цртеж на тема екологија за ученици од основните и средните училишта. Овој конкурс Градот Скопје го распишува во рамките на традиционалната акција „Денови на пролетта – Денови на екологијата“ со цел промоција и популаризирање на грижата за животната средина и за природата.

Според јавниот конкурс, Градот Скопје ќе избира: најеколошка компанија (фирма со успешна примена на стандарди и придонес во зачувувањето на животната средина), најголем придонес во областа на животната средина (правни и/или физички лица кои со својата активност и залагање сториле најмногу за зачувување и унапредување на животната средина во Скопје, во смисла на заштита на медиумите и областите на животната средина, намалување на користењето необновливи видови енергија и сл.), најубаво уреден двор (двор на објект за индивидуално домување, колективно домување и институција,фирма или стопански објект), најубав состав на тема екологија (за ученици од основните и средните училишта), најубав цртеж на тема екологија (за ученици од основните и средните училишта).

Пријавите на заинтересираните граѓани, невладини организации, јавни установи, претпријатија и други правни и физички лица се доставуваат по пошта на адресата Град Скопје – Сектор за заштита на животната средина и природата, булевар Илинден, број 82 или во архивата на Градот, како и на телефонскиот број 02/3297-273.

За првите две категории, предвидена е по една награда во износ од по 45.000 денари. За третата категорија, најубав двор, предвидени се три награди (индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект), во износ од по 40.000 денари. За четвртата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари. За петтата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.

Пријавувањето на овој конкурс трае до 15 мај 2019 година.

Нови вести

Одбележан празникот Св.Троица во Бардовци

Igor

Подобра инфраструктура и младинска школа на ФК Лепенец  

Daniela

Посебен сообраќаен режим поради концертот на Здравко Чолиќ

Filip