January 22, 2022 21:28
Скопје

Градоначалничката Арсовска учествуваше во акција за садење дрвја во Рајскиот парк во Аеродром

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска учествуваше во акцијата за садење дрвја во Рајскиот парк во општината Аеродром, организирана од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

Акцијата е дел од агендата на Програмата за финансирање на зелената економија на Западен Балкан (WB GEFF), која ги поддржува домаќинствата за инвестиции во подобрување на енергетската ефикасност, при што засадени беа 50 дрвја од видот каталпа како израз на стремежите за позеленување на градот Скопје.

– Градот Скопје ќе се фокусира на поддршка на активности насочени кон заштита на животната средина кои имаат директно влијание врз создавањето подобра иднина. Со колективен напор, можеме да влијаеме и да се движиме кон зелената транзиција и да ја реализираме визијата за зголемување на еколошката свест додека едновремено овозможуваме креирање сеопфатен систем за заштита на животната средина. И денешниот настан е чекор кон подобрување на условите во соработка со партнерски организации со кои заедно ќе придонесеме Скопје да биде одржлив и еколошки чист град – рече денеска градоначалничката Арсовска.

Акцијата за засадување дрвја е симболична зелена активност во Скопје, за промоција на придонесот на партнерските организации во успехот на ГЕФФ Програмата во Македонија.

На настанот присуствуваа и Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР во Македонија, евроамбасадорот Дејвир Гир, амбасадорот на Австрија Георг Воутсас, градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски и претставниците на локалните банки партнери на оваа програма.

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

anime sites That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2

watch animes Mother of the Goddess’ Dormitory

AnimeDao SK8 the Infinity (Dub)

AnimeDao Black Clover Episode 165

Record of Ragnarok