June 19, 2019 05:22
Скопје

Градоначалникот Шилегов го потпишаа договорот за изработка на тунел под Кале

Градоначалникот Шилегов, Претседателот на одборот на директори на компанијата „Мега инженеринг консалтинг АД“ (MEGA ENGINEERING CONSULTING INC), Ајкут Јилдирим и претставникот на Групата на понудувачи – Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии Скопје АД, Борис Танески денеска (12.06.2019 година, среда) го потпишаа договорот за изработка основен проект и инфраструктурен проект за измена и дополнување на инфраструктура за сообраќајно решение кое со мост во центарот на градот, тунели под скопското Кале  и кружен тек ќе ги поврзува булевар Свети Климент Охридски со булеварите Никола Карев и Македонско-Косовска бригада.

Со инфраструктурниот проект се опфатени трите фази за изведба на сообраќајницата во фази, и тоа:

– I фаза – изградба на булевар Свети Климент Охридски од пред раскрсницата со булеварот Илинден со изградба на мост и вијадукт до тунелот;

–  II фаза – изградба на тунелот под Кале;

– III фаза – булевар Свети Климент Охридски и раскрсница со булевар Никола Карев и булевар македонско – Косовска бригада, со денивелиран кружен тек

– Согласно со договорот, изработката на основниот и инфраструктурниот проект очекуваме да заврши до крајот на оваа година, со што се создаваат услови во текот на следната година, по завршувањето на постапка за избор на понудувач, да се почне и реализацијата на овој клучен сообраќаен проект. Со ова сообраќајно решение на граѓаните на Скопје ќе им биде овозможено од Водњанска до Чаир со автомобил да стигнат за помалку од 5 минути. Со постојната сообраќајна инфраструктура за оваа релација мораа да потрошат во најдобар случај помеѓу 15 и 20 минути движејќи се преку раскрсницата кај Мавровка и Бит-пазар, каде што според нашите податоци дневно поминуваат меѓу 70.000 и 80.000 возила – кажа Шилегов.

Шилегов додаде дека очекува за реализацијата на овој проект Градот Скопје да добие и финансиска поддршка од централната власт со цел изградбата на мостот, тунелите и кружниот тек да завршат во најкраток можен рок.

– Со ваквите сообраќајни решенија ја зголемуваме мобилноста и го намалуваме сообраќајниот метеж, а со тоа и го скратуваме времето на движење на возилата и го намалуваме времето на стоење во место, што директно влијае на намалувањето на аерозагадувањето и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот. Скопје заслужува вакви модерни сообраќајни решенија, а оваа градска администрација може и мора да им го обезбеди тоа на граѓаните – додаде Шилегов.

 

Нови вести

Oпштина Кисела Вода со подршка за решавање на проблемот со центарот со зависници

Filip

Продолжува одличната соработка на Општина Чаир и ЈП “Паркови и зеленило”: Нови инвестиции за позелен Чаир

Igor

Општина Гази Баба: Просторот околу јамата во Хиподром е обезбеден со заштитна ограда

zane