September 19, 2019 13:06
Скопје

Градоначалникот Саша Богдановиќ и Општина Центар со благодарност за пречекот организацијата на празникот Св. Савa

Општина Центар и градоначалникот на општината, Саша Богдановиќ, сакаат да ја изразат својата благодарност за пречекот и организацијата на вчерашното одбележување на празникот Свети Сава, односно Светосавската академија.

Св. Сава е православен светец, во својот живот духовен лидер, просветител, писател и добротвор, но пред сѐ, голем и хуман човек. Празнувањето на Националниот Ден на Србите во Република Македонија се организира традиционално, секоја година.

Градоначалникот Богдановиќ беше домаќин на високи македонски и српски делегации, предводени од покровителот на Светосавската академија, премиерот на РМ, Зоран Заев. Покрај премиерот Заев, присутни беа Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Директорот на Управата за унапредување на јазиците и заедниците, Мирослав Станчиќ и пратеникот Мирослав Јовановиќ. Од меѓународните претставници на одбележувањето беа Александар Вулин, Министер за одбрана на Република Србија, Синиша Каран, Шеф на кабинет на Претседавачот со претседателството на БиХ, како и Претседателот на одборот за дијаспора и срби во регионот при Собранието на Република Србија, Миодраг Линта.

Нови вести

Блокиран булеварот Борис Трајковски, поради протест на жителите на Усје

zane

Се асвалтира ул. „Бранко Заревски” во населбата Драчево

Valentina

Бесплатно собирање кабаст отпад од сабота до вторник во Општина Карпош

zane