Македонија

Градоначалникот Пецаков, позитивен на Ковид – 19, се изгушка со половина Охрид, лекарите стравуваат од огромен кластер

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, место да седи во изолација по направен тест за Ковид – 19 се појави на одбележувањето на Водици на 19 јануари, се гушкаше со граѓаните, се ракуваше со гостите, а по прославата добил позитивен тест.

Охриѓани кои биле во контакт со него се распаметени и во паника бараат термини за тестирање, откако дознале дека градоначалникот е позитивен на Ковид- 19, а паника се шири и во останатите градови оти Охрид за Водици е „Македонија во мало“. Во небрано се нашла и охридската епидемиолошка служба, каде што неофицијално, градоначалникот Пецаков инсистирал да не добие изолација, но неговите настојувана не биле послушани.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат потврдија дека градоначалникот Пецаков добил решение за изолација по позитивен тест на коронавирус, а потсетуваат дека и се уште важат правилата секој што се тестира веднаш да се изолира.

„Во сила се препораките на Комисијата за заштита од заразни болести дека лицето кое се тестира, до добивање на резултатот останува во изолација. Секое лице кое по тестирањето ќе добие позитивен тест на Sars Cov 2, е во изолација од моментот на добивање на резултатот. Понатамошниот тек на болеста го следи матичниот лекар и во зависност од симптоматологијата изолацијата трае 10 дена за асимптоматски и 20 дена за лица со симптоми“, велат од Инспекторатот за „А1он“.

Градоначалникот Пецаков не одговори на повиците и на пораките од „А1он“. Го прашавме зошто по тестирањето не се изолирал, но тој не одговори.

Неофицијално освен него, позитивен тест на коронавирус добил и секретарот на Општината Александар Китески. Здравствените власти од Охрид велат дека најмалку 300 контакти на градоначалникот веќе побарале тестирање, но стравуваат дека кластерот ќе биде многу поголем.

Од МВР засега нема известување за казна за градоначалникот Пецаков.

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

anime stream AnimeHeaven My Hero Academia Season 5 (Dub)

Hunter x Hunter (2011) (Dub)

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2 Episode 8

AnimeHeaven Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Entertainment District Arc Episode 5

anime online AnimeHeaven One-Punch Man