October 29, 2020 17:25
Свет

Градоначалникот на Њујорк и неговиот персонал ќе бидат на неплатено отсуство поради финанскиски тешкотии

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио објави дека тој и неговиот персонал ќе бидат на неплатено отсуство една недела поради „невидени буџетски предизвици” што се должат на пандемијата на новиот коронавирус, јави ДПА.

– Од 1 октомври, сите градски власти ќе заминат на неплатен одмор, и ова очигледно важи и за мене, нагласи Де Блазио на прес-конференција.

Де Блазио има намера да работи без плата за време на тој период. Мерката ќе се однесува на речиси 495 вработени во градското собрание.