Скопје

Градоначалникот на Чаир со директорите на основните училишта разговараше за новиот концепт во образованието

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска во општинските простории реализираше средба со директорите на основните училишта на територија на оваа општина. На овој состанок со 9-те директори на училиштата беше разговарано ококу новиот концепт во образованието, промовиран од страна на Министерството за Образование и Наука разгледувајќи ги сите можности за нејзиното имплементирање.
Во фокусот на разговорот беше дигитализацијата и капацитетите кои ги имаат училиштата за да пристапат кон овој процес. Се изрази подготвеност за поддршка на новата иницијатива и за заедничко чекорење кон реализацијата на еден квалитетен едукативно – образовен процес, следејќи ги современите трендови на наставата.
Истотака, директорите го известија градоначалникот Ганиу и за одржувањето на процесот на регистрирање на децата во прво одделение кој овој пат се реализира и онлајн. Училишниот персонал е целосно подготвен за регистрирање на децата и за лесно надминување на сите административно–технички постапки.

AnimeHeaven animeheavenru: Watch The Rising of the Shield Hero Season 2 Episode 1-Preview

ANIMEFLIX animeflix i want to eat your pancreas: Naruto: Shippuden Episode 500