October 22, 2021 12:24
Хроника

Градоначалникот на Петровец и уште пет лица испрале над половина милион евра од општинатa

Директорот на Управата за финасиска полиција, Арафат Муареми, денеска информираше дека Управата поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против пет физички и три правни лица за сторени кривични дела со кои е причинета штета на буџетот на општина Петровец, во износ од над половина милион евра.

Првопријавениот е градоначалникот на општина Петровец во периодот од 2009 година до денес, Борче Митевски, второпријавениот, брат на Митевски е во својство на вистински сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект „Аце транс компани“ ДООЕЛ Скопје и правниот субјект „Леома транс“ ДОО Скопје, третопријавениот е во својство на инжинер за надзор, четвртопријавениот е во својство на сопственик и управител на пријавениот правен субјект „СМ БАУ“ ДОО и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект „Чола топ“ ДООЕЛ Батинци, и петтопријавениот е во својство на управител на пријавениот правен субјект „Аце транс компани“ ДООЕЛ Скопје.

На денешната прес-конференција во врска со овој случај присуствуваше и вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, кој посочи дека во маj годинава до кабинетот од анонимен подносител пристигната е претставка за сомневање за злоупотреба на службена положба, перење пари и злоупотреба на постапка за јавна набавка, од страна на одговорни лица од општината.

„Борбата против корупцијата и криминалот е процес кој бара максимална вклученост и координараност со сите надлежни институции, бидејќи само така можеме да застанеме на патот на оваа појава која го нагризува општеството“, изјави Николовски во своето обраќање.

Поврзани вести

Братучед на Ѓокиќ осомничен за тројното убиство, кај него биле пронајдени 43.000 евра

Igor

Починати 11 лица, нови 490 случаи на Ковид-19,

Igor

Уапсен скопјанец- без дозвола и со неисправен автомобил сакал да пренесе 50 кг марихуана во Грција

Igor

Website https://animeflix.nl: Watch Zoids Wild Zero animeflix Episode 8 animeflix detective conan

Website https://gogoanime.be: Watch Puni Puni Poemy (Dub) gogoanime Episode 2 gogoanime website reddit

The Story of Cinderella Episode 4

AnimeDao: Pretty Rhythm: Aurora Dream (Dub) anime episode 51 online free at https://animedao.nl watch anime

Bitsdujour: https://www.bitsdujour.com/profiles/egSuTy

Pantip: https://pantip.com/profile/6494141#topics