July 12, 2020 14:12
Скопје

Градоначалникот на Кисела Вода на увид како се чистеше „Пелагонија“

Денес градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски заедно со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, директорот на ЈП „Комунална хигиена” и директорот на студентскиот дом „Пелагонија” извршија увид во активностите за чистење на неговиот двор.

Темелковски информираше дека Општина Кисела Вода два пати во годината спроведува акции за собирање на кабаст отпад. Градоначалникот најави дека во периодот што следува на територијата на локалната самоуправа ќе се оплеменат два нови паркови со цел за позелена и почиста Кисела Вода. Градоначалникот се заблагодари до сите вклучени во оваа акција и воедно апелираше до сите граѓани заеднички да ја зачуваме животната средина.

За успешно спроведување на оваа акција од страна на Општина Кисела Вода и „Комунална Хигиена” беа вклучени повеќе работници и механизација.

Имено, овие активности  беа спроведени по бројните реакции на социјалните мрежи за мини депонијата во дворот на студентскиот дом која беше создадена од несовесни студенти кои престојуваат во истиот.

Покрај ова сезонските работници на Општина Кисела Вода денеска извршија целосно расчистување на сметот долж бул. Србија од Усје до Пинтија.  Во оваа акција беа собрани 80 вреќи смет.

Поврзани вести

Темелковски: Вложени 6 милиони евра во капитални инвестиции во општина Кисела Вода

Valentina

Репрезентацијата освои трето место на турнир во бразилска џиу џица во Швајцарија, 14 медали за „Д Стронгест & РУТС БЏЏ” од Кисела Вода

Igor

Најдобриот европски одбојкар одржа тренинг во Кисела Вода

Igor