Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес 26.11.2021 година во просториите на општина Гази Баба оддржа средба со преставници на Здружението на граѓани за заштита на жртви од семејно насилство – Кризен центар “Надеж”.
На средбата градоначалникот Стефковски ги информираше присутните дека општина Гази Баба ќе продолжи да дава силна поддршка на сите општествено – одговорни организации и здруженија на граѓани, при што тој истакна дека дава силна поддршка на кампањата 16 дена активизам, против насилството врз жените.
За средбата, градоначалникот Стефковски на својата официјална страна на фејсбук напиша:


Општина Гази Баба дава поддршка на сите општествено – одговорни организации и здруженија на граѓани.
