February 28, 2020 06:44
Скопје

Градоначалникот Марин даруваше крв во чест на жртвите од 11 септември

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, заедно со тим од Општината се приклучија кон денешната крводарителска акција што се одржа во американската амбасада.

Оваа акција беше организирана по повод американскиот национален ден на служба и сеќавање во чест на жртвите, преживеаните и сите што помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември 2001 година.

Општина Аеродром на чело со градоначалникот Марин редовно ги поддржува крводарителските акции, со кои се спасуваат животи, но и се праќа порака за хуманост.