November 27, 2020 23:43
Македонија

Градоначалникот Димитриевски бара поддршка за втор мандат

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска давајќи отчет за сработеното во текот на изминатата година, а по повод тригодишното менаџирање на општината, најави дека ќе се бори за уште еден мандат.

Димитриевски вели дека ќе ја бара поддршката и од граѓаните и од својата партија.

-Ќе трчам за втор мандат и ќе се натпреварувам, а тука ја барам поддршката и од мојата политичка партија и секако од нашите сограѓани, ќе продолжам на ваков начин да го менаџирам градот и да ги ставам во целосна функција и јавните претпријатија и заедно со тимот и советниците да ги намалиме комуналните проблеми во овој град коишто се децениски, а и вековни морам да кажам, рече Димитриевски.

Инаку, општина Куманово, како што рече денеска Димитриевски, годинава конечно има деблокирана сметка, прв пат по 2012 година.