January 22, 2021 21:24
Скопје

Градоначалникот Богдановиќ и министерката Шахпаска во посета на сензорната соба во општинската градинка „Кочо Рацин“

Активностите за подобрување на условите за престој на децата во општинските градинки продолжуваат и во овој период. Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, со почитување на сите препораки од надлежните институции, го посетија матичниот објект на градинката „Кочо Рацин“, каде привршува изведбата на сензорната соба за престој на деца со интелектуална попреченост и потешкотии на развојот.

„Благодарение на грантот добиен од Швајцарската агенција за развој и соработка и UNDP, го реализираме проектот ‘Зајакнување на капацитетите за социјална инклузија на детските градинки на Општина Центар’. Денес, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, го посетивме матичниот објект на градинката „Кочо Рацин“, каде во полн ек се одвива изведбата на сензорната соба. Овој проект беше дел од предлог-проектите произлезени од општинските граѓански форуми кои Општина Центар, Швајцарската агенција за развој и соработка и UNDP ги реализираа во 2020-га година и беше изгласан како приоритетен“, изјави при посетата градоначалникот Богдановиќ.

Со проектот се опремуваат три сензорни соби, во секоја детска градинка во општината по една соба.

Овие три сензорни соби се опремени по сите меѓународни стандарди за работа со деца со интелектуална попреченост и потешкотии во развојот. Се работи за современ концепт кој вклучува низа активности потребни за развојот на оваа категорија на деца.

„За нас предучилишниот и раниот детски развој претставуваат приоритет број еден. Инклузивното предучилишно образование, треба да им помага на нашите најмлади граѓани понатаму да се развиваат и влезат во процесот на образование. Сензорната соба претставува инструмент, алатка во рацете на стручните работници и вработени во градинките, кои преку претходна обука можат да одговорат на потребите на децата, кои преку сензорната соба ќе ги развиваат своите сензорни способности“, изјави министерката Шахпаска.

Во рамки на проектот реализирани се и обуки на стручниот и воспитниот кадар во градинките за работа со овие дечиња во сензорните соби, од страна на лиценцирани едукатори

Вкупниот буџет на проектот е 1.540.000 денари, од кои 1.400.000 денари се наменети за опрема на трите сензорни соби и 140.000 денари за обука на стручниот и воспитен кадар.

Watch My Hero Academia 4 Episode 4 at Funimation funimation france

Watch In Another World With My Smartphone (Dub) Episode 11 at AnimeHeaven animehaven