October 18, 2021 21:54
Скопје

Градоначалникот Богдановиќ го потпиша договорот за изградба на првата детска градинка во населбата Пролет

Согласно развојната програма на Општина Центар и новиот донесен Детален урбанистички план „Пролет“, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, по завршувањето на сите жалбени постапки, го потпиша договорот за изградба на нова детска градинка во населбата Пролет.

На местото на сегашната урбана заедница во Пролет, каде во минатиот план имаше вцртано деловен објект, ќе никне првата детска градинка во овој дел од Општина Центар.

По изградбата на најмодерното основно училиште, прво по 50 години, ООУ „Киро Глигоров“, оваа детска градинка, која ќе биде во надлежност на ЈУДГ „Р.Ј. Корчагин“, ќе биде уште еден капитален проект во Општина Центар.

Градинката ќе биде изградена на вкупна површина од 3276 метри квадратни, на приземје и два ката. Капацитетот на градинката предвидува згрижување на 150 деца, распоредени во 9 занимални и 2 јасли. Предвидена е урбана градина со сандаци со песок и земја, детски реквизити (лизгалки, лулашки и мостови). Надворешното игралиште ќе биде инклузивно и до него ќе можат да пристапат и деца со попречнеост во движење. На надворешниот дел од фасадата предвидено е фасадно поставување на детска болдер карпа. Концептот на градинката е да се обезебди простор во кој акцентот пред сѐ, се става во функција на децата и обезбедување на удобен простор за ран развој и нивна игра.

Градинката ќе има и сопствена кујна, која ќе биде изведена по HACCP стандарди, ќе има енергетска ефикасна фасада, греењето ќе биде еколошко – дел на парно, а дел на топлински пумпи. Со изведбата на овој објект, сите детски градинки во Општина Центар ќе имаат по 4 објекти.

Почетокот на градежните работи е предвиден за крајот на октомри, а рокот за изведба е 18 месеци. Изградбата на новата градинка ќе чини 154.243.997 денари, средства обезбедни од Буџетот на Општина Центар.

4Anime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

AnimeHeaven Watch anime online, English anime online HD

GoGoAnime: The Story of Heidi (Dub) anime episode Full online free at https://gogoanime.be anime websites

Yakeato no, Okashi no Ki Episode Full

Free-ebooks: https://www.free-ebooks.net/profile/1312949/animefreak

Myvidster: https://www.myvidster.com/profile/gogoanimebe