January 16, 2019 00:36
Скопје

Градинката „Ташко Караџа“ во Радишани од утре повторно прима деца, но само вакцинирани со МРП

Градинката „Ташко Караџа“ во Радишани, која поради епидемија на морбили беше затворена на 15 дена на 19 декември лани, од утре почнува со редовна работа. Останува само забраната за приме на деца кои не се вакцинирани со МРП вакцина.

– Со решение на Санитарниот здравствен инспекторат од 8 јануари 2019 година, се укинува забраната за прием и згрижување на деца од предучилишната возраст во Градинката „Ташко Караџа“ во населба Радишани, а поради појава на морбили. Во сила е забраната за прием на деца кои не се вакцинирани. Се потсетуваат родителите да ги  вакцинираат своите деца во вакцинална амбуланта со МРП вакцина. Градинката продолжува со својата работа редовно од 6 до 18 часот од 09.01.2019 година. Благодариме, велат од Општина Бутел.

Related posts

Градот Скопје апелира да престане палењето и уништувањето на контејнерите

Igor

Цената на водата во Скопје останува иста, Шилегов го повлече предлогот за поскапување

24news

Сениорите и младинците на КК „Ангели“ од Кисела Вода ги победија противниците

24news