June 19, 2019 05:18
Скопје

Градина од сказните во дворот на градинката „Мајски цвет”

Во градинката „Мајски цвет” во Тафталиџе 2 денеска беше отворена првата Градина од сказните. Најмладите заедно со нивните наставници го уредија својот двор и ја разубавија околината, правејќи Градина од сказните и креативни катчиња кои се изработени од екоматеријали.

На настанот присуствуваа голем број деца, нивни родители и дел од воспитниот кадар од оваа предучилишна установа, а им се обрати градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев. Тој ја поздрави иницијативата за разубавување на дворот и подигнување на свеста кај најмладите за заштита на природата.

– Горд сум што во Карпош има деца, воспитувачи, негувателки и родители кои сакаат да избегаат од секојдневното, тековното и да бидат креативни. Вие сте белег на современото и модерното – на европски Карпош. Од мали нозе да се создава, да се креираат работи е навистина значајно и вредно, рече Богоев на отворањето на Градината од сказните каде што беше организирана и куклена претстава.

Нови вести

Oпштина Кисела Вода со подршка за решавање на проблемот со центарот со зависници

Filip

Продолжува одличната соработка на Општина Чаир и ЈП “Паркови и зеленило”: Нови инвестиции за позелен Чаир

Igor

Општина Гази Баба: Просторот околу јамата во Хиподром е обезбеден со заштитна ограда

zane