January 24, 2020 00:14
Скопје

Градиме по план, за 2,5 години, реконструирани над 60 улици во Ѓорче Петров

Изјава, Александар Гиноски, ОО СДСМ Ѓорче Петров

Локалната влас предводена од СДСМ две и пол години работи посветено за сите граѓани на Ѓорче Петров.

Досега успеавме да реконструираме над 60 улици на територијата на Општина Ѓорче Петров.

Ја реновиравме улицата Алекса Демниевски во Ѓорче Петров и поставивме канализација. Нов асфалт добија и улиците Пробиштипска и Знеполе.

Општината од сопствени средства асфалтираше преку 30 тина улици во Волково и Кисела Јабука. Реконструиран е патот од село Кучково, до село Грачане во должина од 2.100 метри,со крак до крстот во Кучково.

Улица 5,7,9,11 и 1 во Кисела Јбука, како и улиците 51 и 52 во Стопански Двор се само дел од улиците кои ги обновивме во овој дел од општината. Ќе ги споменеме и улиците 46, 54, 56, 62, 64 и 66 во Кислеа Јабука.

Во Даме Груев реконтруирани се краците 1,3 и 5 дел од краците на Ул. Пекљане.

Заедно со градот Скопје, ја реконстуиравме улицата Ѓорче Петров, улицата Борис Сарафов, Даутица која доби нов асфалт по 40 години, и уште многу други поголеми зафати, како што е изградба на нова улица за кружно движење кај гробиштата во Ѓорче Петров.

На прав пат сме. Остануваме посветени на обезбедување живот за сите во општината Ѓорче Петров.

 

Нови вести

Од почетокот на годинава скопските пожарникари изгаснале 28 огнови на отворено

Filip

На местото од бараките на Град Скопје предвидено е да никне монтажен паркинг

Igor

Ракометниот клуб „КЛ7″, од 24 до 26 јануари ќе биде организатор и домаќин на „Меѓународен турнир за млади категории КЛ7 2020

Valentina