Search

Градежник тешко повреден по пад од објект во изградба

Жител од скопското село Кондово бил тешко повреден откако паднал од објект во изградба, вчера во Гостивар.

Според полицијата, несреќата се случила околу 12 часот, на улицата Бранко Станоевиќ во Гостивар, во објкет сопственост на Х.С.(64) од Гостивар.

Додека С.Џ.(51) од село Кондово изведувал градежни работи паднал и се здобил со тешки повреди. По укажаната лекарска помош во Медицинскот центар во Гостивар, С.Џ. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила увидна екипа од ПС Гостивар и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави