August 25, 2019 09:30
Хроника

Градежник паднал од покрив на црква и тешко се повредил

Жител од велешкото село Каласлари бил тешко повреден откако паднал од покрив на црквата Покровение на Богородица во селото Каратманово, општина Лозово.

Според полицијата, несреќата се случила околу 10.30 часот. Додека Д.Т.(65) извршувал градежни работи на црквата „Покровение на Богородица” во селото Каратманово, паднал од покрив и се здобил со тешки повреди.

Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во болницата во Велес, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

Нови вести

Најцрна година на патиштата, за шест месеци 70 загинати

Daniela

Пожар пеплоса расадник во околината на Крушево

Igor

Двајца повредени во сообраќајна несреќа кај Струмица

Igor