February 16, 2019 17:03
Фудбал

Го нема Роналдо, ги нема и навивачите: Стадионот на Реал полупразен

 Европскиот шампион Реал Мадрид синоќа го одигра првиот натпревар од новата сезона во шпанската Примера. Реал го победи Хетафе (2:0), но мечот го одбележа негативниот рекорд по број на гледачи на „Сантијаго Бернабеу“ во последните 10 години.

Натпреварот го проследија само 48.446 гледачи нешто повеќе од половина од капацитетот на стадионт, што тамошните медиуми го оценија како последица од заминувањето на првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо.

Се проценува дека раководството во многу брзо време треба да најде соодветна замена за Португалецот кој беше „магнет“ за публиката.

Следниот натпревар од домашниот шампионат на свој терен Реал ќе го игра на 1 септември против Легањес.

Related posts

Жалбата на Јувентус за одземеното „скудето“ одбиена, Морати испрати порака до ривало

24info

Ангела Меркел: Одлуката на Озил мора да се почитува

24info

Озил откри зошто го напуштил Реал Мадрид

24info