January 18, 2021 17:59
Македонија

Гошаревски: Состојбата со Ковид 19 во Ресен е стабилна

Состојбата со коронавирусот во Преспанскиот регион е стабилна, оцени градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошревски, кој раководи со Кризниот штаб.

Според него, позитивните лица од последните денови најчесто се членови од семејството каде што веќе имало заразен и оти сега немало кластери.

Во врска со модуларната Ковид болница, која е предвидена за Ресен, Гошаревски појасни дека се работи за специфична ситуација, односно дека нема да се прави нов објект, туку ќе се адаптира постоечки.

– Ситуацијата со изградбата на модуларна болница за пациенти позитивни или со симптоми на Ковид 19 е специфична. Изведувачите беа на терен го разгледаа просторот и ќе го презентираат во Министерството за здравство. Првично предвидени се меѓу шест и 12 кревети, изјави Гошаревски.

Во општина Ресен во моментот се активни 165 лица позитивни на Ковид 19. Од почетокот на пандемијата со коронавирус досега се заразиле 402 лица, а регистрирани се 10 смртни случаи.