August 19, 2022 14:07
Спорт

Готово е: Габриел Жесус доаѓа во Арсенал за 45 милиони евра!

Бразилскиот репрезентативец од Манчестер сити, Габриел Жесус ќе биде нов фудбалер на Арсенал, откако „топчиите“ и актуелниот англиски првак постигнале усмен договор во преговорите за трансфер на напаѓачот за 45 милиони фунти.

Жесус стана прекуброен кај Пеп Гвардиола, откако Манчестер сити го донесе бомбастичното засилување од Борусија Дортмунд, норвешката гол-машина Ерлинг Браут Халанд, па Арсенал беше најзагреан за да го види Бразилецот во својот напад и веќе неколку недели преговараа со „граѓаните“ за негов трансфер.

Сега „гуруто за трансфери“ Фабрицио Романо објави дека договор е постигнат за отштетата и останува само „топчиите“ да се договорат со Жесус за личните услови, за трансферот да биде официјализиран и Микел Артета да добие огромно засилување за нападот.

Жесус беше дел од Манчестер сити во изминативе пет години.