January 28, 2020 01:10
Хроника

Гостиварци со камион сакале да пренесат 20 килограми марихуана во Грција

На 22.07.2019 на граничниот премин Стар Дојран приведени се Е.М.  и Е.Х., двајцата од с. Долна Бањица, Гостивар поради обид да пренесат марихуана преку граничниот премин.

Е.М. управувајќи товарно моторно возило „Ман“ со скопски регистерски таблички  и Е.Х., како сопатник во возилото имале намера да излезат од Република Северна Македонија  на граничниот премин Стар Дојран, но при извршената контрола во возилото пронајдени се 20 кеси со марихуана.

Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Нови вести

Гори куќа во Ѓорче

Igor

Бегале со џип од рација во Грчец, па оставиле „калашников“ и два пиштола

Igor

Скопјанка пронајдена мртва во водите на Вардар

Igor