Гори ресторанот „Буши“ во стара скопска чаршија. Пожарот избувнал во кујната, најверојатно од плинска боца. Според сведоштвата на вработените кои во моментот биле во ресторанот, експлозија не се слушнала. На терен имало возила на Итната медицинска помош. Надлежните лица помош пружиле на 10-тина луѓе, главно вработени, кои од ресторанот излегоа со задушување.
Две лица беа извадени на раце од страна на медицинските лица, според првичните информации им се слошило од чадот.
Едно лице му е пружена кислородна поддршка. Вработените се спремале за свадба со околу 300 гости.