November 29, 2022 06:07
Хроника

„Голф“ падна од мост во Вардар кај Желино, полициски нуркачки ги бараат патниците

Преку бројот за итни повици 112 во 12:05 часот до Дежурниот оперативен центар на Центарот за управување со кризи добиен е повик-пријава од Соообраќајна полиција од Тетово во која се наведува дека автомобил „голф 4“ со Кумановски регистерски таблици движејќи се на патот с. Желино кон Тетово, паднал од мостот на реката Вардар во надојдените води на речното корито на реката.

Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време истото во природен јаз е пропаднато и визуелно не се гледало.

Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со истите. Оперативниот центар на ЦУК веднаш оставри комуникација и координација со МВР – СВР Тетово, ТППЕ Тетово, Брза помош Тетово и ДЗС.

МВР веднаш испратија нуркачки екипи од специјалната единица и тие се веќе на пат кон с.Желино, додека Дирекцијата за заштита и спасување праќа сопствени екипи за спасување од поплави кои се со седиште во Велес.

Во момент сме информирани дека возилото со помош и поддршка од градежни машини е извлечено надвор од длабоките води на речното корито и при првичен преглед визуелно внатре не се гледаат луѓе-патници. Претпоставки се дека во возилото имало патници, но што се случува со истите ќе се утврди со истрага, информираат од Центарот за управување со кризи.

Поврзани вести

Поевтинуваат бензините и дизелот

Igor

Рашковски ѝ поднесе кривична на Русковска

Igor

(Фото) ШТРАЈК !!! Додека не се плати не се тргаат автобусите кај Мавровка

admin