December 9, 2021 01:25
Свет

Голикова: Руската Влада планира да воведе неработни денови за да го забави ширењето на Ковид-19

Руската вицепремиерка Татјана Голикова ја повика владата од 30 октомври до 7 ноември да воведе неработни денови за да го спречи натамошниот рекорден раст на бројот на новозаразени со Ковид-19 и смртните случаи.

Русија денеска има 1,015 смртни случаи како последица на Ковид-19, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата. Во последните 24 часа, во неа се регистрирани и 33.740 нови случаи на инфекцијата.

-Регионот крај Москва остана без болнички кревети за пациентите со Ковид-19, изјави денеска гувернерот.

Кремљ со недели наназад им порачува на жителите на Москва и цела Русија поактивно да се вклучат во кампањата на вакцинирање, бидејќи само 32 проценти од руското население е вакцинирано, а руските власти неодамна рекоа дека тоа е „неприфатливо”.

-Постои традиција да се обвинува државата за се. Се разбира, државата го чувствува и го призна својот дел од одговорноста, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, признавајќи, сепак, дека можело да се стори повеќе за на јавноста  да и се објасни важноста на вакцинацијата.

„Но, сега ни треба одговорен однос на сите наши граѓани”, потенцираше Песков.

-Сите ние мора да покажеме одговорност и да се вакцинираме, додаде тој.