April 24, 2019 22:53
Свет

Голем пожар на Нов Зеланд

Неколку домови се уништени во голем пожар што избувна во близина на градот Нелсон на Јужниот Остров на Нов Зеланд.

Како што јави ДПА, поради огнот, што зафатил нискостеблеста шума, евакуирани се жителите на над сто куќи, а властите забранија пристап на цивили на подрачјето зафатено од пожарот.

Пожарот избувна во услови на рекордно високи температури што го погодија Нов Зеланд изминативе денови.

Според претставникот на Цивилната заштита, Нелсон Тасман, огнената стихија досега уништила околу 1.870 хектари површина во пречник од 20 километри.

Засега нема информации за загинати или повредени лица при пожарот.

Жители на Нелсон, кој е трет по големина град на Јужниот Остров, изјавија дека ветерот разнесувал пепел од опожареното продрачје низ градските улици и врз нивните домови.

Нови вести

Скандал во САД: Признала дека ковала заговор со Кинезите, издавала тајни од Стејт департментот

Igor

Најмалку 60 мртви во поплави во југоисточна Африка

Igor

Украина бара вонредна седница на СБ на ОН поради указот на Путин

Igor