August 14, 2022 20:51
Балкан

Голем пожар во областа на Мармарис

Со воздушна интервеницја од 20 хеликоптери и 14 летала се интервенира во пожарот кој избувна во Мармарис. Според информациите добиени од претставници на Министерството за земјоделство и шумарство, околу 1.600 луѓе учествуваат во гасењето на шумскиот пожар што избувна во вечерните часови во заливот Амазон во областа Мармарис во Мугла.

Во интервенцијата од копно ноќеска биле вклучени во гасењето на пожарот 363 возила и 39 градежни машини.

Министерот за земјоделство и шумарство Вахит Киришчи и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу со хеликоптер изврши увид на огненото подрачје.