February 25, 2020 09:41
Свет

Голем пад во кредитирањето на населението во Словенија

Словенечките банки се потешко одобруваат потрошувачки кридити за граѓаните. Според податоците на Здражението на банки на Словенија, огромен пад е забелжан во ноември и декември.

За споредба во октомври минатата година биле одобрени 10.015 потрошувачки кредити, а веќе во ноември и декември биле одобрени само 3.804, односно 3.624 кредити.

Според банкарите, причина за ваквиот пад се промените кои Словенечката банка ги направи за начинот на кој граѓаните можат да земат кредит и кратење на роковите за враќање на заемите.

Пад има и кај издавањето на станбени кредити, а тоа е проблем пред се за младите, кај кој најчесто кредитирањето е единствен начин за дојдат до нов дом имајќи ги во предвид екстремно високите цени за недвижностите во Словенија. Токму за проблемот со тешкотиите со кој се справуаат словенечките граѓани во обидите да дојдат до свој стан или куќа, ќе биде една од темите на кој ќе разговаараат коалиционите партнери во владата.