September 26, 2022 01:15
Скопје

Голем интерес за конкурсот за ДУП-от во Расадник

Општина Кисела Вода информира дека има голем интерес кај стручната јавност за Меѓународниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник, кој го распиша Општината пред повеќе од два месеци.

-Со цел да се обезбеди што подобро архитектонско-урбанистичко решение за потребите на жителите на овој дел од Скопје и целосна транспарентност на процесот, конкурсот е објавен на повеќе меѓународни стручни веб страници, велат од општината.

Оттаму посочуваат дека освен на веб-страниците за јавни набавки на ЕУ, на Архитектонскиот факултет, Комората на овластени архитекти и инженери и Асоцијацијата на архитекти, конкурсот е објавен и на веб страниците на нивните сестрински организации.

-Конкурсот до стручните лица од нивните земји го пренесе и Сојузот на архитекти на Црна Гора, а текстот со сите критериуми се појави и на престижниот портал https://www.architectsjournal.co.uk/, како и на најпосетуваниот светски сајт за архитектура https://www.archdaily.com/986151/international-competition-for-conceptual-urban-architectural-solution-for-a-city-quarter-j14-rasadnik-skopje-municipality-of-kisela-voda, соопштуваат од Општина Кисела Вода.