December 7, 2022 20:20
Спорт

Големо невреме во Сингапур, одложен стартот на Формула 1 трката

Формула 1 трката за Големата награда на Сингапур, нема да започне во предвидениот термин од 14:00 часот по средно-европско време, поради големото невреме и обилниот дожд кој што паѓа во овој момент.

Поради тоа патеката Марина Беј во Сингапур не е во најдобра состојба и на организаторот не му преостана ништо освен да го одложи стартот. Дополнително, радарот на Светската автомобилска организација (ФИА) покажува дека допрва ќе пристигнуваат уште пообилни врнежи.

Трката првично беше закажана за 14.00 часот, а доколку дождот продолжи да претставува проблем, би можело да се повтори сценариото од Белгија минатата година, кога половина од бодовите беа доделени на возачите, а пласманот беше одреден според резултатите во квалификациите.