January 23, 2020 08:25
Хроника

Голема полициска акција во Скопје, приведени повеќемина за оружје и дрога

Повеќе лица се уапсени во Скопје во обемна полициска акција за откривање на оружје и дрога. Припадници на полицијата од рано изутринава извршија претреси на 34 локации во главниот град, при што се приведени повеќе лица.

Како што дознаваме, претреси биле извршени во Ѓорче Петров, Грчец, Арачиново, Чаир, Бутел, Визбегово, Бардовци, Студеничани и во Центар. Полицијата барала повеќе лица инволвирани во различни кривични дела.

При претресите биле пронајдени дрога и нелегално оружје, дознава „Макфакс“.

Акцијата започнала пред 5 часот изутринава и траела до 15 часот.

Нови вести

Фирма од Кива Паланка неовластено продавала пиротехнички средства

Valentina

Kривична за скопјанец, градел на диво настрешница на државно земјиште

Valentina

Измамена светиниколчанка, дала 2.000 евра нејзината внука да не оди во затвор

Valentina