April 21, 2021 00:46
Свет

Голема полициска акција во Белгија против организираниот криминал

Белгиската полиција рано утрово почна голема операција против организираниот криминал низ целата земја, објави белгиското федерално обвинителство.

Околу 200 претреси во кои учествуваат повеќе од 1.200 полицајци беа организирани истовремено низ целата земја со 11,5 милиони жители, соопшти канцеларијата.

Портпарол на обвинителството рече дека претресите почнале околу пет часот наутро.

Локалната телевизија РТБФ јави дека претресите се вршат главно во областа Антверпен, а истражителите се насочени кон шверцери на дрога и мрежа со меѓународни врски.

– Ова е една од најголемите операции некогаш организирани на белгиска територија во однос на бројот на инволвирани лица, изјави портпаролот на обвинителството.

Со илјадници контејнери кои пристигнуваат секој ден во Антверпен, тоа белгиско пристаниште е едно од главните преку кои кокаинот влегува во Европа. Трговијата со дрога неодамна доведе до зголемување на насилството, со чести вооружени конфликти.

AnimeHeaven weathering with you animeheaven: Redo of Healer (https://animeheaven.pro/m/lYKB) Episode 12

AnimeFreak my hero academia animefreak: Dragon Ball Super (Dub) (https://animefreak.ws/m/RkGE) Episode 131