Скопје

Голема акција за чистење на снежните наноси во општина Кисела Вода: Општинските служби достапни 24 часа за жителите!

Голема акција за расчистување на снежните наноси се одвива од рано изутрина во општина Кисела Вода. На терен е општинската администрација заедно со сите сезонски работници. Со механизација се расчистува  снегот, се фрла сол на замрзнатите површини, со цел граѓаните да можат непречено да стигнат до своите работни места. Исчистени се и приодите до градинките, тротоарите и пешачките патеки. Интензивно се работи на Теферич, во Припор, во Драчево, во моментов се чистат Пржино и Црниче. Ќе бидат опфатени сите месни и урбани заедници низ општината. Координирано, заедно со службите на градот Скопје се работи на расчистување на булеварите и автобуските постојки.

Согласно донесените одлуки од состанокот на кризниот штаб, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за неопходните потреби на граѓаните на располагање ги стави сите службени возила. Воедно, службите на Општината се достапни 24 часа за граѓаните кои имаа потреба од дополнителна интервенција за расчистување на напластениот снег. Контакт може да се оствари на телефонскиот број 075/309-548 (Далибор), на [email protected] или на фејсбук страницата на Општина Кисела Вода.

Апелираме до сопствениците на деловните објекти да ја исполнат својата законска обврска за расчистување на снегот од пред влезот на објектот, а исчистениот снег да не го фрлаат на улиците со што би ја отежнале работата на нашите служби. Ваква обврска имаат и сите други граѓани кои треба да го расчистат снегот пред своите дворови  и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите.

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

Redo of Healer Episode 9

anime sites Pokémon Journeys: The Series

Redo of Healer Episode 8

AniWatch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc

anime sites AniWatch That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub)