Спорт

Голеада во Виго, Севиља триумфираше преку пресврт

Вечерва во рамките од 30 коло во најсилната шпанска лига составот на Севиља со резултат 3:4 триумфираше над Селта Виго. Во натпревар полн со пресврт на крајот посреќни беа играчите предводени од тренерот Лопетеги на теренот во Виго.

Водеа Андалузијците со голот на Кунде уште од седмата минута, па следуваше пресврт на домаќините, за период од 180 секунди двапати во листата на стрелците се запиша Аспас,

Нов егал се случи во 35 минута со погодокот на Фернандо, а за 3:2 се погрижи Мендез непосредно пред паузата.

Во вториот дел се случи уште еден пресврт, но овој пат во режија на гостите, Ракитиќ израмни после половина час игра, а конечниот епилог го постави Гомез (76`).

На табелата во „Ла Лига“ Севиља е на четвртата позиција со 61 бод, зад водечкото трио Атлетико Мадрид (67), Реал Мадрид (66) и Барселона (65), додека Селта е на 10 место со 37 бодови.

AnimeDao detective conan animedao: Watch The Promised Neverland Season 2 Episode 5 (https://animedao.nl/m/gOyk/ep-5)

AnimeHeaven anime websites: Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 13