June 25, 2022 22:37
Спорт

Голден Стејт го доби првиот меч против Далас

Голден Стејт го доби првиот натпревар против Далас во финалето на Западната конференција во НБА-лигата со 112-87.

Тимската игра на Вориорс беше предобра на овој натпревар, а доказ за тоа е фактот дека целата стартна петорка имаше двоцифрен ефект во нападот, а вкупно седуммина кошаркари имаа 10 или повеќе поени. Стеф Кари беше најдобар со 21 поен и 12 скока, Џордан Пул имаше 19, колку и Ендру Вигинс, а Клеј Томсон 15 поени. Во редовите на Маверикс очекувано Лука Дончиќ беше лидер со 20 поени, но имаше лош процент на реализација поради одличната одбрана против него.

mã giao dịch go88 go88 e-world go88 rikvip

https://sunwin.fan/