January 17, 2021 22:20
Магазин

Глен Клоуз вели Гвинет Палтроу не заслужи Оскар за улогата во „Вљубениот Шекспир“

Гвинет Палтроу освои Оскар за најдобра актерка во 1999 година за улогата на Виола де Лесепс, измислената љубовница на Вилијам Шекспир („Вљубениот Шекспир“), но Глен Клоуз верува дека Оскарот требало да заврши во рацете на Фернанда Монтенегро („Централна станица“).

Во интервју за „Еј-би-си њуз попкорн“ со Питер Траверс, 73-годишната Клоуз рече: Да бидете номинирани од ваши врсници е нешто најдобро што може да ви се случи. Меѓутоа, никогаш не сфатив како може да споредувате перформанси.

„Се сеќавам на годината кога Гвинет Палтроу победи во конкуренција со неверојатната актерка Фернанда Монтенегро и си помислив: Што? Ова нема никаква смисла.“

Во 1999 година, покрај Гвинет и Фрнанда во категоријата Најдобра актерка беа номинирани и Кејт Бланшет за филмот Elizabeth, Мерил Стрип за One True Thing, и Емили Вотсон за Hilary and Jackie.

Клоус досега имала седум номинации, но сè уште нема освоено „Оскар“. Таа се надева дека нејзината прва победа нема да дојде во 2021 година, бидејќи не би сакала да не може да слави како што треба поради пандемијата на „Ковид-19“.