November 27, 2021 17:49
Балкан

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал: Има мала, но моќна група луѓе на Косово кои не сакаат да постои Специјален суд

На почетокот на судењето на Хисни Гуцати и Насим Харадинај, кои се обвинети за попречување на работата на Специјализираното обвинителство и заплашување и одмазда кон сведоците, специјалниот обвинител Џек Смит рече дека случајот се однесува на „услови неопходни за непристрасно спроведување на правдата“ и „она што е потребно за владеењето на правото да стане реалност“, се вели во соопштението на Специјалното обвинителство.

Смит рече, како што пренесува Косово онлајн, дека вистината е основа на правдата и дека вистината што го бара ова судење е фактот дека „постои мала, но моќна група луѓе во Косово кои не сакаат да постои овој суд и кој ќе стори сé за да му наштети во залуден обид да го оправда лажниот наратив дека ниту еден војник на ОВК не извршил злосторство за време на војната “.

Смит посочи дека Гуцати и Харадинај припаѓаат на таа група и ги презираат сите оние кои соработуваат со Специјализираните совети на Косово и Специјализираното обвинителство како „шпиони“, „соработници“ и „предавници“ кои ги „предадоа“ своите сонародници.

Специјализираниот обвинител нагласи дека Специјализираниот совет треба да биде суд воден од интересите на жртвите и дека „атмосферата на заплашување сведоци и попречување на постапките во кривични процеси против поранешни припадници на ОВК“ е дел од причините зошто е формирана и во Хаг.

 

https://animepahe.cc anime stream

Website https://aniwatch.pro: Watch TONIKAWA: Over The Moon For You aniwatch Episode 12 anime sites

Website https://animebee.to: Watch evangelion: Another Impact animebee Episode Full free anime online

WCOStream - Watch anime online, English dub anime

Watch Revolutionary Girl Utena: The Adolescence of Utena (Dub) Episode Full