September 20, 2021 22:10
Македонија

Ги зголемуваме стипендиите и воведуваме нови, се грижиме за ученичкиот и студентскиот стандард

Почитувани граѓани, почитувани новинари,
 
Долгогодишните заложби на СДММ за зголемување на ученичките и студентските стипендии, вродија со плод.
Стипендиите на учениците и студентите сериозно се зголемуваат, а се воведуваат и нови стипендии.
Ова е значително подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард.
Во делот на ученички стипендии за средношколците, од новата учебна година ќе се доделуваат 14 различни категории на стипендии и сите ќе бидат во износ од 3.500 денари месечно. Тоа е двојно зголемување во споредба од пред само две до три години претходно.
Стипендиите за студентите ќе се доделуваат во 11 различни категории, каде најбројни се стипендиите за социјална поддршка на студенти и за студенти со висок просечен успех.
За 9 категории износите се изедначуваат и ќе изнесуваат 6.050 денари месечно ниво, што е сериозно зголемување имајќи предвид дека досега тие изнесуваа по 3.300, 4.000 и 4.400 денари месечно а сега се зголемуваат и воедначуваат на 6.050 денари.
Стипендиите кои се доделуваат за студенти запишани на студиски програми по хемија, физика и математика остануваат во износ од 18.000 денари на месечно ниво.
За првпат по повеќе од една деценија се враќаат стипендиите за постдипломски студии и за првпат воведуваме стипендии за докторанди во износ од 18.000 денари.
За сите видови стипендии ќе се објавуваат конкурси каде секој заинтересиран  навремено ќе биде информиран за условите, критериумите и роковите за остварување на стипендија.
Почитувани,
Ова е пример за вистинска грижа за младите од страна на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.
Како одговорна социјалдемократска партија, како одговорна социјалдемократска младина продолжуваме да работиме одговорно и посветено во креирањето мерки и политики што го унапредуваат младинскиот стандард.
Младите се иднината на нашата земја и влогот во нив е влог во развојот на нашето општество.
Остануваме со младите, продолжуваме да работиме единствено во нивен интерес.

Animepahe: Nurarihyon no Mago OVA anime episode 2 online free at https://animepahe.cc free anime

Website https://animetv.cc: Watch This Mayonnaise is too Liquid. animetv Episode Full anime tv shows list

Website https://animebee.to: Watch Byulbyul Iyagi animebee Episode Full anime to watch

https://gogoanime.be anime stream

: anchor.fm/ kissanimemx

Amara: https://amara.org/en/profiles/profile/gogoanimebe/