August 5, 2021 04:05
Спорт

Гинисовиот фудбалски рекордер Абреу стави крај на кариерата

Легендарниот фудбалски глобтротер, уругвајскиот напаѓач Себастијан „Локо” Абреу, стави крај на својата 24-годишна кариера во која постави Гинисов рекорд настапувајќи за 31 различен клуб.

– Дојде денот кога, за промена, јас давам отказ, изјави 44-годишниот Абреу, откако денеска го осигра својот последен натпревар во кариерата во дресот на Суд Америка во уругвајското првенство.

Кариерата во која постигна 437 голови Абреу почна во уругвајскиот клуб Дефенсор, а во својата родна земја настапуваше и за Наџионал, Бостон Ривер, Америка и Централ Еспањол.

Го носеше дресот и на три аргентински гиганти – Сан Лоренцо, Ривер Плата и Росарио, а смени и по шест бразилски и мексикански екипи.

Кариерата го селеше овој фудбалски глобтротер и во Еквадор, Салвадор, Парагвај и Чиле, а од европските екипи настапуваше за Депортиво Ла Коруња, Реал Сосиедад, Арис и Беитар.

KissAnime Watch anime online, English anime online HD. GARO: THE ANIMATION - HOME Episode Full

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD. Watch Dragon Ball: Yo! The Return of Son-Goku and Friends!! (Dub) Episode Full

WCOStream - Watch anime online, English dub anime. The Prince of Tennis (https://wcostream.cc/m/rLx) Episode 177+178

KissAnime Band: https://band.us/band/84366909