September 23, 2019 07:29
Свет

Гибралтар го отфрли барањето на САД за запленување на иранскиот танкер

Британската енклава Гибралтар го отфрли барањето на САД да продолжи задржувањето на иранскиот супертанкер „Grace1“, според објавата на тамошните власти.

Според документот, сферата на промената на законодавството на Европската унија е потесен отколку регулативата на Соединетите држави и оти нема основа за натамошно задржување на нафтениот танкер.

„Властите не можат да бараат спроведување на барањата поради дејствијата на законодавството на Европскатга унија и разликите во режимите на санкции примените против Иран во ЕУ и во САД“, појаснуваат гибралтарските власти.

Во почетокот на јули британските командоси на Гибралтар го задржаа иранскиот танкер „Grace1“ под сомневање дека превезувал нафта за Сирија, со што ги нарушил санкциите на ЕУ кон оваа земја. Како дел од истрагата, полицијата ги приведе капетанотм постарн помошник на танкерот и уште двајца членови на екипажот. На 15-ти август, Гибралтар го ослободи танкерот.

Официјален Техеран ослободувањето на танкерот „Grace1“ во Гибралтар го нарече „победа на дипломатијата и неуспех на политиките на Белата куќа“. Веќе следниот ден САД издадоа налог за задржување на иранскиот танкер. Според американското министерство за финансии, целата нафта на пловилото и 995.000 долари подлежеле на конфискување поради наводно кршење на американските закони „За меѓународните вонредни економски областувања (IEEPA), за банкарски измами и перење пари, како и врз основа на законот на конфискација за актовности поврзани со тероризмот. Имено, САД тврдат дека танкерот превезувал нафта во Сирија од Иран за сметка на Исламската револуционерна гарда, која Вашингтон ја прогласи за терористичка организација.

Нови вести

Рохани ги повика западните земји да го напуштат Персискиот залив

Filip

Претседателот на Колумбија, Мадуро го спореди со Милошевиќ

Filip

Протести во Словачка, за целосна забрана на абортусот

Filip